3 совети за постигнување здрав и неодолив тен

3 совети за постигнување здрав и неодолив тен

Жешки денови во кои се разладуваме со коктели, пријатни ноќни прошетки и лесна облека – летото е во полн ек и сите уживаме во него! Овој период за повеќето од нас значи и дека е време да го подготвиме нашиот летен изглед со совршен тен и да заблескаме во костимот за капење.  Сепак, покрај убавината и сончањето, не смееме да заборавиме нешто поважно, а тоа е грижа за здравјето на кожата.

Прекумерното изложување на сончевите зраци може да предизвика физички промени на твојата кожа како што се пеги, брчки, дамки итн. За да ги одбегнеш овие ефекти и да добиеш безбеден и здрав тен, следи ги овие три совети за здрав и рамномерен тен!

1. Направи пилинг на кожата!

За да се постигне најрамномерен тен, мораш претходно да направиш добар пилинг. Процесот на пилинг ги отстранува мртвите клетки од површинскиот слој на кожата, ги чисти масните наслаги од порите на кожата и превенира појава на акни. Можеш да ја направиш смесата за пилинг и во твојата кујна, со состојќи како шеќер, маслиново масло, пченкарно брашно или пак можеш да користиш луфа или пак специјална ракавица за пилинг. Колку помалку слоеви на мртви клетки има на твојата кожа, толку подолго ќе трае твојот тен.

2. Никогаш, никогаш, никогаш не заборавај крема за сончање!

Наспроти митот дека кремата за сончање го отежнува добивањето на тен, таа е неопходна во целиот процес на сончање. Редовното мачкање со крема за сончање го спречува оштетувањето на кожата предизвикано од штетните UV-зраци, како и горењето на кожата. Верувај, ти треба бронзена боја, а не црвена! Згора на тоа, тоа подоцна може да предизвика лупење на кожата што уште повеќе може да го уништи изгледот на кожата. Затоа, веднаш спакувај ја кремата за сончање, бидејќи кожата ќе ти биде благодарна!

3. Не ја изложувај прекумерно кожата на сонце!

За да добиеш здрав и рамномерен тен, не ја изложувај твојата кожа предолго на UV-зраците. Најдобро е да се сончаш постепено, така што ќе се сончаш по сесии од неколку минути со пауза измеѓу нив. Поминување цел ден под сонцето може да ти звучи како добра идеја, но ќе ти остави само изгореници.

Се уште немаш уплатено за одмор, а очајно ти треба? Не грижи се тука е „Credissimo до плата“  до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци и „Credissimo плус" до 80.000 денари ти овозможат да го добиеш одморот кој го заслужуваш!

Поврзани статии

Летен изглед!

Летен изглед!

Летото е сѐ поблиску, време е да се подготвите физички и психички за топлите денови што ни предстојат

Месец јуни е месец на кампувањето!

Месец јуни е месец на кампувањето!

Кампувај во природа, истражи ги најубавите предели во земјата и стекни нови незаборавни искуства.

Бидете дел од најдобрите европски фестивали!

Бидете дел од најдобрите европски фестивали!

Ако сте љубители на концерти и фестивали, оваа статија е за вас. Прочитајте кои се најдобрите светски фестивали и уживајте во потполно ново ниво на забава.

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Провери кои се нашите предлози за алтернативно летување во формата на кампување со кои не можеш да погрешиш!

Ајде по риба!

Ајде по риба!

Ловењето риба е исклучително релаксирачко хоби, кое ќе те научи на трпение, ќе ти створи навика и ќе ти пробуди желба за константно подобрување. Нашиот совет за тие кои што сеуште не се пробале со риболов, е да го пробаат ова хоби доколку сакаат вистински да си ги релаксираат мислите.