Финансиите - Една од главните причини за расправиите во врската

Финансиите - Една од главните причини за расправиите во врската

За голем дел од семејствата финансиските потешкотии се секојдневие. Во една таква ситуација, парите се убедливо најчестата причина за недоразбирање, кавги и размена на навреди помеѓу партнерите.

За да ги избегнеш кавгите со саканата личност, ние ќе се обидеме да ти помогнеме со неколку наши совети.

  • Започнете со создавање на заеднички буџет - Парите не исчезнуваат како што често мислиш. Почни да  водиш евиденција на заедничките приходи и трошоци. Дури и само еден од вас да заработува, многу е важно заедно да го планирате буџетот. На крајот на месецот провери кои трошоци непотребно си ги направил.
  • Еднаш неделно провери до каде сте со трошоците - Не чекај да помине цел месец и на крајот да се шокираш. Поради бројните дневни обврски може да се изненадиш од празната сметка, а тоа да доведе до караница и префрлување на вината.
  • Секогаш зборувај во множина - Прескокни ги речениците како „моја плата“, “јас плаќам сметки“, „јас купив“. Вие сте сега едно а приходите и расходите ви се заеднички, па почни да зборуваш во множина.
  • Попушти кога ќе се создаде тензија и расправија - Нервозата и тензијата само ќе ги засилат недоразбирања. Биди мудар и кога ќе почуствуваш влошување на ситуацијата, кажи стоп и дозволи времето да ја олади жешката расправија! Не заборавај дека секогаш со мирна глава се носат подобри одлуки.
  • Поставете заеднички цели - Одамна ти и партнерот мечтаете да одите на егозтично патување, или размилувате за викендичка на некоја планина? Поставувањето на заедничка цел ќе ве мотивира и двајцата за добро да го планирате буџетот.
  • Консултирај се за нови трошоци - Советувај се со партнерот пред да се одлучиш да купиш нешто поскапо. На овој начин ти и партнерот ќе одбегнете взаемни непријатни изненадувања, а со тоа и расправии.
  • Никогаш не ја криј вистината од партнерот - Финансиското неверство е многу честа појава. Криењето на трошоци,  созадавањето на долгови и позајмици во тајност се работи со кои сигурно ќе ја изгубиш довербата кај саканата личност.

Знаеме дека сето ова можеби сега изгледа многу тешко и невозможно. Бидејќи понекогаш колку и да се трудиш, потребни ти се дополнителни средства за мир и хармонија во врската. Но не се грижи, бидејќи за се постои решение. Веќе 5 години Credissimo е тука за тебе во секое време! Веќе не одбраа над 100.000 корисници, довери се и ти на најлесното решение!

Поврзани статии

Есен - периодот на зголемените трошоци

Есен - периодот на зголемените трошоци

Помина летото, најубавиот период од годината којшто е симбол за одмор, релаксација и уживање. Есента календарски веќе започна.

Направи добар план на трошоците и патувај без грижи!

Направи добар план на трошоците и патувај без грижи!

Уживај во патувањето без тензии. Веќе сите знаеме дека патувањето со друштво и трошоците кои следуваат може да биде причина за многу нервози. Доколку сакаш да ги одбегнеш овие нервози, можеш да ги следиш овие неколку совети за да уживаш, наместо да се грижиш за парите во твојот или во паричникот на твоите пријатели.

Научно е докажано - Јануари е најдолг месец во годината

Научно е докажано - Јануари е најдолг месец во годината

Веројатно првата причина која би го поврзал јануари со „вечност“ е тоа дека има 31 ден, но има и други месеци кои имаат 31 ден, како и декември на пример, па веројатно е најбрзиот месец во годината поради сите настани, прослави и одбројувања до новата година.

10 совети како да го оптимизираш смејниот буџет

10 совети како да го оптимизираш смејниот буџет

Управувањето на личните финансии воопшто не е комплицирана задача

Паметен финансиски старт на годината: 5 практични совети

Паметен финансиски старт на годината: 5 практични совети

Почетокот на новата година е одлична можност да ги преразгледаш финансиските навики и да поставиш поцврста основа за месеците што следат.