Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

 Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

Добрите примери создаваат традиција полна со визија, способност за планирање и дејствување, со цел подобрување и успешност на секоја акција. И најмалите промени, често резултираат со огромни промени во образовниот систем.

За трета година по ред,  продолживме со нашата визионерска иницијатива и ги поддржавме најмладите ученици на нивниот прв училишен ден.

Современото општество бара современ систем на образование затоа што тоа е клучен фактор за успехот и просперитетот на нацијата. Токму поради тоа, по трет пат подготвивме изненадување за првачињата. Со кампањата „Секогаш биди број 1”, до сега се опфатени над 1.650 ученици од различни населени места во Македонија, во 45 основни училишта.

Оваа година,  доделивме подароци со училишен прибор на првачињата во градовите Струмица, Куманово и Кочани, носејќи искрени насмевки и радост на нивните лица. Во Скопје, посебно внимание беше посветено на учениците од специјалното училиште „Д-р Златан Сремец”, каде децата со посебни потреби ги примија подароците со голем ентузијазам и љубов.

Доделени подароци од Credissimo

Секоја година, со нашата кампања која станува традиција, се потсетуваме колку е важно да инвестираме во иднината - нашите деца. Тие се хероите кои ќе ја градат и реформираат државата во која живееме. Нашата амбиција не е само да ги поддржиме, туку и да создадеме долгорочна врска со образовната заедница.

Со оваа кампања имаме и поголема цел, да ги поттикнеме децата да веруваат во себе и да ја искористат секоја можност за да се истакнат и да го достигнат врвот. Слоганот „Секогаш биди број 1” не е само мотивација за учениците, туку и порака за сите – да го дадат својот максимум во својот делокруг на дејствување.

Oваа иницијатива е само еден од многуте наши проекти преку кои Credissimo ја покажува својата посветеност кон општеството и одговорноста како компанија која се труди да допринесе за благосостојбата на сите.

Поврзани статии

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Завршувањето на средното образование е првиот чекор во светот на возрасните и еден од најважните моменти во животот на секој млад човек.

Подаривме 500 бесплатни влезници за поддржка на ЗОО во Скопје

Подаривме 500 бесплатни влезници за поддржка на ЗОО во Скопје

Подаривме 500 бесплатни влезници за поддржка на Зоолошката градина во Скопје

Убавината  не познава граници

Убавината не познава граници

Credissimo како општествено одговорна компанија веќе втора година по ред е спонзор на настанот.

И оваа година Credissimo им посака топло добредојде на првачињата

И оваа година Credissimo им посака топло добредојде на првачињата

Втора година по ред се спроведува кампањата под име „Секогаш биди број 1”, преку која подаривме околу 750 училишни прибори во 21 основно училиште

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Од 22 февруари започнуваме со иницијативата #ТополОброкНавреме на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.