Убавината не познава граници

Убавината  не познава граници

Убавината не познава граници. Таа е искрена, непосредна, среќна. Таа е насмевка, добрина. Секогаш посебна, различна и неповторлива.

Убави сме затоа што сме свои!

Токму во оваа порака, традиционално по осми и пат на 14.12.2024 во Струмица се одржа настанот ,,Убави сме, свои сме.“ Беше организиран од Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера". Настанот беше концепиран како модна ревија каде се вклучени дечиња и лица со попреченост, кои беа придружувани од личности од јавниот, културниот, политичкиот и општествениот сектор, што со своето несебично ангажирање гласно порачаа дека сите ние сме дел од едно исто општество и ист свет, а со тоа ни следуваат еднакви можности!

Сите блескаа со посебна енергија и искрена радост кои треба да ни бидат потсетување за меѓусебното прифаќање, почитување и препознавање на различноста како нешто што нè прави единствени, а истовремено нè сплотува.

Токму од човечки, но и од општествени побуди Credissimo како општествено одговорна компанија веќе втора година по ред е спонзор на настанот. И оваа година, дониравме 30.000 ден. за придонес и подобрување на условите за овие луѓе, но и за подигнување на свесноста кај граѓаните за нивно инкорпорирање во секојдневниот живот.

Поврзани статии

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

И оваа година дониравме 60.000 ден. за лицата со Даунов синдром. Донацијата оваа година е во Здружение Вера од Струмица.

Реновиравме библиотека во Кочани

Реновиравме библиотека во Кочани

Целосно ја реновирановиравме библиотеката во ОУ “Раде Кратовче” - Кочани

 Уште една хуманитарна акција на Credissimo

Уште една хуманитарна акција на Credissimo

По повод месецот на розoвата панделка, Credissimo донираше 60.000 ден.

Добротворна акција за подигнувањето на свеста за децата со аутизам

Добротворна акција за подигнувањето на свеста за децата со аутизам

Credissimo како општествено одговорна компанија и оваа година не заборави на лицата со посебни потреби. Направивме добротворна акција по повод 2 април, Светскиот ден за подигнување на свеста за децата со аутизам.

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Од 22 февруари започнуваме со иницијативата #ТополОброкНавреме на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.