Добротворна акција за подигнувањето на свеста за децата со аутизам

Добротворна акција за подигнувањето на свеста за децата со аутизам

Credissimo како општествено одговорна компанија и оваа година не заборави на лицата со посебни потреби. Направивме добротворна акција по повод 2 април, Светскиот ден за подигнување на свеста за децата со аутизам.

Дониравме дидактички материјали во вредност од 60.000 денари, во здружение „Во мојот свет“. Средствата беа соберени на интересен и интерактивен начин преку социјалните мрежи и со помош на нашите следбеници.

Тие имаа за задача да коментираат со „срце во најразлични бои“ на објавата преку кои ја спроведовме добротворната акција. Постот предизвика голема заинтересираност, имаше премногу коментари, а двајца од следбениците кои што коментираа добија и рачно изработени слики , нацртани од Филип Цигљењак Симоновски талентираното дете чии што дела покажуваат дека аутизмот како попреченосот за овие лица не е пречка за да докажат што навистина можат.

Секој коментар со „срце“ чинеше 50 денари, па така со повеќе од илјада коментари на објавите на нашите фан-страници, стигнавме до сумата од 60.000 денари.

Оваа иницијатива е само една од многуте проекти во кои Credissimo како општествено одговорна компанија ја покажува посветеноста кон општеството и се грижи за благосостојбата на сите, a со ваквите добри практики ќе продолжиме и во иднина.

Поврзани статии

Донација од 60.000 денари за Денот на Дауновиот синдром

Донација од 60.000 денари за Денот на Дауновиот синдром

За еден ден собравме и дониравме 60. 000 денари на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје.

 Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

За трета година по ред, продолжужаме со визионерската иницијатива и ги поддржужаме најмладите ученици на нивниот прв училишен ден

Убавината  не познава граници

Убавината не познава граници

Credissimo како општествено одговорна компанија веќе втора година по ред е спонзор на настанот.

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

И оваа година дониравме 60.000 ден. за лицата со Даунов синдром. Донацијата оваа година е во Здружение Вера од Струмица.

Реновиравме библиотека во Кочани

Реновиравме библиотека во Кочани

Целосно ја реновирановиравме библиотеката во ОУ “Раде Кратовче” - Кочани